Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Валкани биографии, скандали, корупција: Кој сака да влезе во Макпетрол

0
By Нова ТВ on July 10, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 10, 2016 13:17

Низа сомнителни зделки, пропаднати компании и обвинувања за корупција и перење пари ги „красат“ биографиите на луѓето кои преку компанијата „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“ се обидуваат да го преземат македонскиот нафтен гигант Макпетрол, покажуваат новинарските истражувања кои беа објавени деновиве, објавува а1ом.мк.

Директорот на анонимната британско-кипарска компанија, Василиј Евдокимов, се појавува како менаџер на преку 20 компании, од кои повеќето сега не се активни. Трагите на сопствеништвото на „Балкан Петролеум“ водат до познатата офшор-дестинација Британски Девствени Острови, која често ја користат луѓето од „сивата зона“ на светскиот бизнис. Како што деновиве објави Телма, компаниите „Далиа Глобал Корпорејшн“ и „Воландес Асетс Корпорејшн“, регистрирани во карипската држава, се меѓу основачите на „Балкан Петролеум“.

Ништо помалку сомнителна не е ниту поврзаноста на компанијата со контроверзниот израелско-руски бизнисмен Ури Бидер, кој во светот на бизнисот е познат по уништувањето на романската нафтена рафинерија „Рафо“ во 2003 година. Илјадници работници останале без работа, а некогаш успешната рафинерија денес се продава за старо железо, како резултат на преземањето од страна на Бидер, од компанија со идентично име како таа што денес се обидува да го преземе Макпетрол – Балкан Петролеум.

Соработник на Бидер на низа проекти е рускиот олигарх Михаил Черни, кој зад своето име има редица корупциски скандали, сомнителни зделки и сомнителни обвинувања за поврзаност со руската и бугарската мафија.  Сомневањата за матните бизниси на Черни уште повеќе ги засили појавувањето на неговото име во најголемиот светски скандал поврзан со офшор-компаниите, „Документите од Панама“.

Додека овие луѓе се обидуваат да изведат „непријателско преземање“ на Макпетрол и на голема врата да влезат во домашниот нафтен бизнис, Комисијата за хартии од вредност, која деновиве ја разгледува понудата на „Балкан Петролеум“, и натаму молчи околу обвинувањата за опасност од влез на сомнителен капитал во македонската економија. Експертите се децидни – КХВ мора да ја исполни својата улога како заштитник на домапното стопанство и сериозно и темелно да ги провери наводите за сомнителни игри со најавеното преземање на Макпетрол.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

ВЕСТИ June 25, 2026

Венецуела се соочува со една од најтешките природни катастрофи во последните години, откако два силни…

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.