Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови сомненија во случајот Макпетрол: Кој стои зад обидот за преземање

0
By Нова ТВ on July 11, 2016 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 11, 2016 13:35

Појавувањето во јавноста на Александар Каплан, кој себеси се претставува како „инвеститор“  во компанијата „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“, која се обидува да го преземе Макпетрол, уште повеќе ги засилува сомнежите дека зад целата операција стои валкан капитал, „испран“ низ офшор-шемите во Кипар и на Британските Девствени Острови, објавува Плусинфо.

Не е јасно каква е улогата на Каплан во британско-кипарската компанија формирана пред само месец и половина, во која тој не се појавува никаде во сопственичката структура. Според сознанијата, Каплан во земјава пристигнал заедно со уште еден бизнисмен, Димитриј Лугвиненко. Лугвиненко неодамна се појавил на акционерското собрание на Макпетрол, заедно со контроверзниот Ури Бидер.

Рускиот менаџер, како и останатите луѓе врзани за „Балкан Петролеум“, има богата историја во нафтениот бизнис, но и неговата кариера е поврзана со компании и бизнисмени чии зделки можат да се окарактеризираат како матни и сомнителни.

Во 2013 година, Лукоил ја продава рафинеријата во украинскиот град Одеса на компанијата Ветек, чиј сопственик е контроверзниот Сергеј Курченко, кој зад своето име има низа скандали, сомнителни преземања и обвинувања. По ова, и покрај помпезните најави и ветувања, рафинеријата никогаш не проработела. Според новинарите кои ги истражувале бизнисите на Курченко, младиот бизнисмен, роден 1985 година, изградил империја благодарение на блискоста со низа украински политичари, но и со синот на поранешниот претседател Виктор Јанукович. Против Курченко во Украина се води постапка за затајување данок и за кражба на 180 милиони евра од банкарски инвеститори.  Тој е на црната листа за влез во Европската Унија, а од 2014 година ја напуштил Украина и денес не се знае каде точно се наоѓа. Токму Александар Каплан, кој сега се појавува во Македонија како фронтмен на „Балкан Петролеум“, извесно време бил директор во компанијата на Курченко, Ветек.

„Балкан петролеум“ минатата недела ја достави својата понуда за преземање на акциите на Макпетрол до Комисијата за хартии од вредност, но јавноста и натаму не ги знае одговорите на најважните прашања – кој навистина стои зад обидот да се купи најголемата нафтена компанија во земјава и од каде потекнуваат парите со кои сомнителните бизнисмени се обидуваат да го преземат Макпетрол. Како што објави Телма, компанијата, иако тврди спротивно, не ја обезбедила банкарската гаранција потребна за да се оствари зделката.

Биографиите на буквално сите луѓе кои се поврзуваат со „Балкан Петролеум“ – Василиј Евдокимов, Ури Бидер, Михаил Черни… се преполни со обвинувања за корупција, перење пари и други сомнителни активности. Токму затоа, во целата постапка за преземање на Макпетрол, која е во тек, клучна е улогата на македонскиот берзански регулатор – Комисијата за хартии од вредност, сметаат експертите. Од КХВ и натаму молчат околу целиот процес, со изговор дека немаат коментар во оваа фаза на постапката. Комисијата, според познавачите, мора да ги земе предвид проблематичните биографии на потенцијалните купувачи и темелно да ја истражи нивната компанија и потеклото на парите, пред да донесе одлука околу понудата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.