Светот и Балканот денеска одбележуваат 21 година од военото злосторство во кое околу 8.000 луѓе беа убиени во Сребреница.
Во меморијалниот центар во Поточари денеска ќе бидат погребени остатоците на нови 127 идентификувани жители кои биле убиени во 1995 година.
Меѓународниот суд на правдата во Хаг во 2007 година донесе пресуда со која масакрот во Сребреница се квалификува како чин на геноцид. Резолуции за Сребреница со кои се потврдува таа пресуда донесоа парламентите на ЕУ, Канада, САД и Австралија.
Резолуцијата не беше усвоена во Советот за безбедност на ОН минатата година, откако Русија го искористи правото на вето.
Неколку дена подоца слична Резолуција за Сребреница усвоија Конгресот на САД и Европскиот парламент.
На почетокот на јули 2006 Владата на Србија ги осуди сите воени злочини во југословенските војни, меѓу кои особено беа истакнати злочините врз муслиманите во Сребреница и Србите во Братунац.
Нападот врз Сребреница започна на 6.јули 1995 и заврши по пет дена со влегувањето на војската на Република Српска под команда на генералот Ратко Младиќ. Според Хашкиот трибунал, војниците под команда на Младиќ до 19 јули организирано и систематски убиле околу 8.000 муслимански мажи и момчиња. Околу 30.000 жени и деца биле депортирани за два дена.




