Published: Tuesday, July 12, 2016 10:52
При експлозија од автомобил-бомба на плоштад во шиитското преградие Ал Рашиди во североисточен Багдад загинаа најмалку 11 луѓе а 32 се повредени соопштија властите од Ирак.
При експлозијата причинета е и огромна материјална штета откако огромен број возила биле оштетени.
Засега ниту една екстремистичка група нема преземено одговорност за нападите, а властите сметаат дека нападите се слични на оние на Исламската држава.
Минатата недела во два поголеми напади во Багдад загинаа повеќе од 300 луѓе.




