Иван Петровски е новиот претседател на Управниот одбор на „Фершпед“. Акционерите го избраа Петровски откако на крајот на март од таа позиција се повлече Штерјо Наков, објавува Дневник.
Петровски седнува во фотелјата по повеќегодишно искуство како вработен во компанијата. Избрани се и другите членови на Управниот одбор, а меѓу нив е и еден од синовите на поранешниот директор, Драган Наков. Друштво во одборот ќе им прават Зоран Арнаутов, Цаца Зикова, Зоран Тодоровски и Александар Илијевски, вработени во компанијата.
Новиот директор Петровски поседува 0,11 проценти од компанијата, Наков е сопственик на 11,83 проценти од капиталот, акции кои всушност му ги подари татко му Штерјо Наков. Зоран Арнаутов има 0,02 отсто сопствеништво во „Фершпед“, Зикова, 0,16 проценти, а Тодоровски 0,98 отсто.
На крајот на март „Фершпед“ објави дека по 20 години на менаџерските позиции, Штерјо Наков и неговата долгогодишна соработничка Kираца Трајковска ќе бидат членови на Надзорниот одбор на компанијата.