Со посетата на Подгорица, Кетрин Ештон ја започнува балканската турнеја во рамките на која ќе ги посети Тирана и Скопје, додека пак за Белград се уште не е потврдено.
Според изјавата на високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон целта на турнејата е потврда на европската перспектива на земјите од регионот, охрабрување за реформите и развој на добрососедските односи.
Пред утрешната посета на Скопје, таа денеска во Подогорица ќе се сретне со црногорскиот државен врв, но се уште нема потврда за средба со претставници на опозицијата, објавуваат тамошните медиуми.