Меј пред себе има листа задачи кои треба да ги исполни после Брегзит, во земја каде што 48% од гласачите не сакаа излез од ЕУ.
Нејзината евроскептичност е добро позната на британскиот остров. За време на кампањата таа вешто играше и им стана симпатична и на “брегзитовците” и на “останувачите”. Се залагаше за ограничување на имиграцијата.Уште пред да стане премиер, Мај им ги одзеде сите надежи на Британците кои сакаат да останат во ЕУ и најави дека “Брегзит значи Брегзит и ние од тоа ќе направиме успех”, и додаде дека нема да има обиди да се остане во ЕУ преку некоја друга врата и дека нема да има втор референдум.
Како министер за внатрешни работи, Тереза Меј беше чест гостин во Брисел и добро ги познава европските лавиринти. Тоа значи дека таа нема да попушти пред се почестите европски барања до Лондон што побрзо да го активира членот 50 од Европскaта повелба за да можат да почнат преговорите за излез.
Неизвесниот дел од оваа мисија се изборите во 2017 година, претседателски во мај во Франција и парламентарни во Германија во септември.
Првата средба на Меј со лидерите е закажана за октомври кога од неа ќе се бара да каже како ги замислува идните британски односи со ЕУ.




