Стотици Египќани исчезнале минатата година по дејствување на безбедносните служби во земјата, која насилно ги третирала и измачувала, а се со цел да се стави крај на поделбите на мислењата, објави Амнести Интернешнл.
Студенти, политички активисти и демонстранти, некои од нив помлади и од 14 години се буквално исчезнати без трага, пишува Амнести, објавува Си-Ен-Ен. Според наводите, многмина од нив биле измачувани, и со лисици на рацете со месеци.
Сите овие обвинувања, владата на Египет ги негира. Според министерот за внатрешни работи Магди Абдул Гафар, службите работеле во рамките на египетските закони.
А се ова се случува откако претседателот Абдула Фата ал-Сиси заедно со војската извршија пуч врз првиот демократски избран претседател Мохамед Морси во 2013. Повеќе од 1.000 луѓе се убиени а над 40.000 се нашле во затворите по соборувањето на Морси.
Според првиот човек на Амнести Интернешнл на тлото на Блискиот Исток и Северна Африка, Филип Лутер, за Сиси и Гафар ваквата политика е “клучна“ за нив.
Еден од таквите случаи е оној со 14-годишниот Мазен Абдала, кого полицијата го извадила од својот дом во Каиро со обвинение дека е член на Муслиманското братство и дека учествувал на недозволени протести.
Мазен се пожалил пред организациите за човекови права дека за време на испрашувањето бил силуван со дрвена палка со цел да признае напшана исповед. Исто така се пожалил дека неговите гениталии биле изложени на електрошокови и дека постојано му се заканувале дека не смее да ја повлече изјавата.
И покрај тоа што ја повлекол присилната изјава пред обвинител, тој е во исчекување на судско рочиште откако бил ослободен од притвор во јануари годинава.




