Повеќе од 1.000 Германци ја напуштиле владејачката коалиција на Ангела Меркел за да се придружат на новата евроскептична партија, објави „Дејли телеграф“.
– Владата тврди дека нема алтернатива за нивната политика. Еве, сега ја има – вели Бернд Лук основач на Алтернатива за Германија.
Aлтернативата за Германија повикува на укинување на еврото и планира анализи за растечкото незадоволство поради трошоците за кризата во Јужна Европа.
Новата партија сега има 8.000 членови – 1.200 се од Христијанските демократи, баварските Христијанска социјална унија и Слободни демократи како најмлади партнери во коалициската влада.
Оваа партија има поддршка и од поранешните социјални демократи и многумина на кои тоа им е прва политичка припадност.
Лук вели дека новата партија е изборна закана за Меркел и додава дека нема да влезе во коалиција со ниту една партија која го поддржува еврото.
– Дали некој верува дека луѓето прифатиле идеја да платат стотици милијарди евра за лошо управување во други држави во еврозоната? – праша Лук на конгрес на партијата во Берлин.
– Не, волјата е јасна – нема одговорност за странските долгови. Ова евро, обременото со долгови не го сакаат луѓето – наведе Лук.