Нападите се случиле во понеделникот изутрината, неколку дена пред локалните избори закажани за 20 април.
Вкупно 17 напади на различни локации биле извршени денес, во време кога луѓето оделе на работните места.
Во Багдад се регистрирани шест напади со автомобил бомба, од кои еден на влезот на аеродромот.
Во нападите во главниот град на Ирак, загинале осум лица, додека 48 биле повредени.
Вкупно шест лица загинале во три напади во Туз-Хумату, додека четири лица загинале во северниот дел на држвата во градот Киркурк.
Цел на нападите биле и четири други градови ширум земјата.
Во текот на вчерашниот ден во напади во Ирак загинаа 10 лица, меѓу кои и еден кандидат за претстојните избори.