НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зошто работниците во Макпетрол се загрижени поради обидот за преземање

0
By Нова ТВ on July 15, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обидот за преземање на Макпетрол од страна на анонимната компанија „Балкан Петролеум“, ги загрижи и растревожи околу 1 800 вработени во најголемата македонска нафтена компанија, пишува А1ОН.

Синдикатот на работниците во трговијата порача дека државните органи, а особено Комисијата за хартии од вредност треба да ги истражат наводите за сомнителните сопственици на компанијата со потекло во офшор-дестинациите Кипар и Девствени Острови и да спречат влез на криминален и валкан капитал во Макпетрол и во македонската економија.

Зошто се загрижени работниците на домашниот нафтен гигант? Истражувањата на новинарите околу бизнисмените кои се поврзуваат со „Балкан Петролеум“, покажаа како тие се однесуваат со компаниите кои ги преземаат. Контроверзниот Израелец

Ури Бидер, кој неодамна се појавил на акционерското собрание на Макпетрол во име на „Балкан Петролеум Холдин Лимитед“, веќе учествувал во преземање на една нафтена компанија, рафинеријата „Рафо“ во Романија. Како што беше објавено, Бидер ја презел рафинеријата од други сомнителни фигури, од кои дел завршиле во затвор поради финансиски малверзации.

По доаѓањето на Бидер, кој во „Рафо“ влегол со фирма со идентично име како во обидот со Макпетрол – „Балкан Петролеум“, рафинеријата била распарчена на делови и продадена како старо железо, а вработените се нашле на улица. Токму ова искуство и оваа

опасност, е најголемата причина за стравот кај повеќе од 2 000 вработени во Макпетрол – дека истото сценарио се подготвува и во нивната компанија.

„При одлучувањето дали ќе дадете дозвола за понудата за преземање, најпрво да проверите кое лице навистина стои зад преземањето, бидејќи очигледно е дека компанија со 1 000 евра капитал не може да обезбеди сопствени средства за да гоизврши преземањето, односно чиј е капиталот кој служи за преземањето, а потоа да се провери дали тој што стои зад преземањето е угледен и искусен стопанственик во нафтениот бизнис, кој има кредибилитет и нуди гаранции дека нема да бидатзагрозени работничките права на над 2.000 вработени во Макпетрол АД Скопје и другите компании каде Макпетрол, е сопственик“, порачаа вчера од Синдикатот.

Ако се земат предвид биографиите и на другите луѓе поврзани со „Балкан Петролеум“, се наѕира сложена шема на офшор-манипулации, корупција и перење пари, што уште повеќе ги зголемува стравувањата дека на голема врата се подготвува влез на валкан капитал во земјава. Во име на „Балкан Петролеум“ деновиве во јавноста зборуваше извесен Александер Каплан, кој никаде официјално не фигурира во сопственичката структура на компанијата, основана пред само месец и половина. Во биографијата на Каплан стои дека бил директор на компанијата „Ветек“, сопственост на контроверзниот украински бизнисмен Сергеј Курченко, кој е на црната листа на Европската унија поради финаниски малверзаци и перење пари.

Додека сето ова се случува, ниту една државна институција и натаму не се огласува по повод информациите за сомнителното минато на луѓето поврзани со „Балкан Петролеум“.

Експертите неколкупати порачаа дека токму улогата на Комисијата за хартии од вредност ќе биде клучна во целата ситуација – КХВ мора да ја заштити македонската економија од сомнителниот капитал од странство и темелно да ги испита наводите за сомнителните зделки на менаџментот на офшор-компанијата, сметаат експертите, според кои не само КХВ, туку и Управата за финансиско разузнавање и Комисијата за заштита на конкуренцијата, треба да се вклучат во оваа истрага.

Макпетрол
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.