Француската полиција го идентификуваше 31 годишниот Мохамед Лахуеи Булел од Тунис како возачот кој го изврши терористичкиот напад во Ница вчеравечер за време на прославата на Денот на Бастиља.
Се појавија и првичните снимки од моментот кога камионот влегува во толпата, при што се слушаат врисоци.
https://www.youtube.com/watch?v=MnmkQp0VINg
Објавени се и детали за тоа како тој успеал со камионот да воопшто да пристапи до шеталиштето. Според Дејли меил, кога полицијата го запрела непосредно пред масакрот, тој рекол дека пренесува сладолед.
Според истиот извор, камионот на Булел речиси 9 часа бил паркиран на улицата, пред да биде прашан за која цел, но полицијата воопто не направила проверка на возилото, во кое имало експлозиви и муниција.
За Булел се знае дека бил разнесувач на пратки, татко на три деца, кој пред две години се развел, поради семејсно насилство. Тој бил и уапсен за тепачка во бар во јануари годинава, а во неговото криминално досие има и кражби и поседување оружје.

Тој бил осуден и на условна казна откако предизвикал сообраќајка бидејќи заспал додека возел.





