Кандидатот за градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски со реакција на одлуката на Управниот суд за прегласување на вториот круг во оваа скопска општина.
Тој рече дека денешната одлука на Управниот суд е срамна и е само резултат на режимот со кој се соочуваме.
„Опозицијата и јас, и во првиот и во вториот круг, според волјата на граѓаните на Центар победивме, но власта се обидува, сега преку судот, да ја поништи волјата на граѓаните со единствена цел да не се открие криминалот што е направен во општина Центар со проектот Скопје 2014. Ние бело знаме не дигаме, одиме на уште една победа, и се надевам дека граѓаните на Центар уште еднаш ќе им кажат кој сакаат да ги води“, рече Жерновски