Николас Мадуро, кандидатот на владејачката партија во Венецуела, е избран за нов претседател со 50,7 проценти од гласовите на вчерашните избори, или со 300 илјади гласови разлика.
Мадуро, кој му беше потпретседател на починатиот екс-претседател Хуго Чавез, од негова страна беше назначен за наследник кој ќе треба да ја продолжи социјалистичката политика.
Противкандидатот на Мадуро, гувернерот на сојузната држава Миранда, Енрике Каприлес, доби 49,1 проценти од гласовите, но соопшти дека нема да ги признае резултатите од изборната комисија.
Комисијата по пребројување на 99 проценти од гласовите објави дека резултатите од изборите се конечни и повика тие да се почитуваат.
– Ние не сакаме насилство, сакаме мир – изјави Мадуро во своето браќање.