Американските медиуми јавуваат дека засега има 2 мртви и 50 повредени, по двете експлозии во Бостон, САД, каде што илјадници маратонци учествуваа во Бостонскиот маратон.
Полициски извори за локалните медиуми откриваат дека третата поставена бомба била детонирана во „контролирана експлозија“.
Извори во бостонската Општа болница за Фокс њуз јавиле дека на Итното одделение во болницата биле примени најмалку 10 пациенти со откинат екстремитет во инцидентот.
Првата бомба на Бостонскиот маратон била мала, домашно направена бомба.