Француските министри ги открија нивните лични богатство за прв пат, што е потег со кој претседател Франсоа Оланд се надева дека ќе се врати довербата во неговата погодена со скандал, социјалистичка влада, јавува Би-Би-Си.
Богатството на 37 министри и на премиерот Жан-Марк Аурал беа објавени на интернет вчера на специјално креиран веб-сајт.
Овој потег беше дел од новите правила на Оланд за финансиско однесување откриен минатата недела по сознанието дека најголемиот собирач на даноци во Франција всушност самиот ги затајува.
Критичарите велат дека листата на личното богатство на министрите е само политичко шоу на социјалистичката влада.
Непосредна контрола се очекува да падне на неколку министри, осомничени дека имаат значително богатство, вклучувајќи го Лорен Фабиу, министер за надворешни работи, добро познат љубител на уметноста, чиј татко беше дилер на антиквитети.
Министерот за стари лица, Микеле Делони, откри средства на 5.4 милиони евра ($ 7м).
“Тоа е значително богатство”, изјави таа за дневниот весник Sud-OUEST.
“Тоа ќе биде тешко да се разбере за поголемиот дел од Французите, кои се соочуваат со тешки времиња.”