Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјави дека најголем приоритет на Европа се безбедноста и одбраната.
– Во рамки на новиот поттик за изградба на Европа, најголеми приоритети се заштитата, одбраната и сигурноста на нашите граници – рече Оланд на заедничката прес-конференција во Лисабон со португалскиот претседател Марсел Ребел де Соса.
Пет дена по терористичкиот напад во Ница, францускиот претседател денеска во Лисабон рече дека е спремен да ја продолжи вонредната состојба за шест месеци.
Оланд ја предупреди Турција дека не може да воведе смртна казна како што тоа го навести претседателот Реџеп Таип Ердоган по неуспешниот државен удар.
– Земја која сака да воспостави врски со ЕУ и да покрене пристапни преговори не може да воведе смртна казна во својот закон – рече Оланд.




