Published: Friday, July 22, 2016 12:35
Индиски воен авион во кој имало 29 луѓе исчезна во реонот на Бенгалскиот залив, а во потрагата по него вклучени се бродови и авиони.
Рускиот транспортен авион “антонов-32“ полетал од Ченај кон Порт Блер, а во него се шест члена на екипажот додека останатите се воени стручњаци. Индија има околу 100 авиони од овој тип.
Потрагата по авионот е во тек.




