Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата ќе финансира песни за трето дете

0
By on April 16, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 16, 2013 15:20

Од 2014 година и во наредните пет години, Владата ќе дава државни пари за продуцирање популарна македонска музика – забавна, народна и музика за деца, преку конкурси што ќе ги спроведува Македонската радио-телевизија.

По десет композиции годишно ќе бидат финансирани од категориите „Таленти“, „Поттикнување семејни вредности и многудетни семејства“ и „Афирмирање на Република Македонија и нејзината историја“.

Според министерката за култура Канческа Милевска, причина за донесувањето на законот е евидентниот пад на продукцијата на ваков вид музика во последната деценија. Целта на законот е да ги стимулира финансиски изведувачите, а крајниот резултат да биде поголем обем и квалитет.

Според овој нацрт закон, МРТ ќе објавува четири конкурси годишно (април, јуни, септември, декември) за субвенционирање 200 композиции во текот на годината – 50 песни за деца и 150 песни од забавната и од народната музика.

За секоја категорија има критериуми: број на албуми и солистички концерти во Македонија и во странство, број на домашни и меѓународни награди, учество на фестивали, меѓу кои се вреднува и во финалето на Евросонг.

Највисок износ е за категоријата „Ѕвезда“- 4.500 евра, од кои 3.000 за звучно снимање на песната и 1.500 за спот. Поддршката за детска песна е 400 евра, а за останатите категории е до 3.000 евра.

За генералниот директор на МРТ, Марјан Цветкоски, донесувањето на овој закон е историски момент.

Иво Јанкоски, издавач од продукцијата „Трето уво“, вели дека законот се донесува во најтежок и најнепродуктивен период за македонска музика кога доминира, како што рече, „музичка депонија и грд шунд од Балканот“. Но, нагласува дека тој ќе нема ефект ако медиумите не се придржуваат на регулативата за најмалку 30 отсто домашна музика во етерот.

„Не ми е јасен моментот од класификацијата песни за поттикнување на многудетни семејства. Какви се тие песни? Такви досега не постојат во историјата на светската музичка продукција. Чинам дека малку се измешале лончнињата пак.

Иако, искрено, идејата за поттикнување е добра. Конечно, можеби ќе се размрда македонската музичка продукација. Но, да не се заборават светските стандарди, кои одлично функционираат, а за жал кај нас никогаш не се практицирале.

Фестивалите и конкурисите сепак не се начин за продукција на музика во 21 век. Тие посебно кај нас, како што покажува искуството, носат најслаб квалитет. Нас ни треба квалитет, а не квантитетот. Токму бројките и презаситетноста со слаб музички квалитет се најглавните винонвици за презаситеноста и незаинтересираноста на публиката за македонската музика„ – вели за НОВА Вики Чадиковска, музички новинар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.