Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието ги усвои измените во Изборниот законик

1
By Нова ТВ on July 23, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 23, 2016 00:29

Петнаесет минути по полноќ, пратениците во Собранието на Република Македонија со 92 гласа „за“, 3 „против“ и еден „воздржан“ по скратена постапка ги изгласаа измените во Изборниот законик, согласно договорот постигнат меѓу партиите потписнички на Пржино.

– Законот е кус, се состои од три члена. Со оглед на тоа дека преземена е обврска помеѓу четирите политички партии да се запазат рокови, предлагам да го изгласаме денеска, рече Димовски.

Изборниот законик ќе претрпи измени кои се однесуваат на Избирачкиот список, вклучително и можноста Државната изборна комисија да ги брише оние гласачи од списокот што нема да се пријават во предвидениот рок. Според партискиот договор рок за пријавување ќе биде даден на 39.502 лица кои се сметаат за спорни.

Три или повеќе члена на ДИК можат да побараат дополнителна проверка за било кое име. Во таков случај, тие членови можат да побараат личноста да се појави лично ако живее во земјата или преку видеоконференција ако живеат во странство. Овие проверки ќе траат дополнителни 10 дена по 25-дневниот период.

Според независната пратеничка Солза Грчева, вакви решенија се „плукни – залепи“, а партиите се ставаат пред сите институции во државата.

–  „Тресла се гора, родио се миш“. Доаѓаат летни одмори, август месец, кој во август, како може практично да направи активна регистрација? Баба Зумбула ќе ја викаат од нива да проверат дали е на список? Па тоа е смешно, тоа е трагично. Како си замислувате дека овие луѓе ќе бидат цело лето на штрек? Јас овие граѓани ги повикувам на Скајп ако се пријавуваат да се маскираат. Па ова е смешно, го нема никаде, кој ќе потврди дека сум ја навистина преку Скајп ве молам. Ваков мајтап нема во цел свет. Бројката е смешна. Ги повикувам овие граѓани, доколку ги нема на Избирачкито список да ги тужат партиите. Бидејќи партиите се ДИК, партиите се државата. Како може МВР да не знае каде живеат граѓаните?, рече Грчева.

И пратеникот од Демократскиот Сојуз Павле Трајанов посочи дека во Избирачкиот список останува простор за манипулации.

-Oвa е е еден театар на апсурдот. Остануваат можностите на манипулации. Овој список не се прочисти 20 години,а  нити ќе се прочисти бидејќи нема политичка волја, рече Трајанов.

Измените во изборниот законик беa причина опозицијата повторно да се активира во Собранието.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески вечерва изјави дека опозицијата ќе учествува во работата на Собранието, бидејќи сериозни обврски произлегуваат од Договорот за фер и регуларни избори што е постигнат, што треба да се реализираат и преку Парламентот.

-Денеска треба да се донесат измените на Изборниот законик. Наша цел е одржување фер и регуларни избори. Сите наши чекори во текот на целиот овој процес на политичката криза што ја предизвика власта се во таа насока, рече Сугарсеки на вечерашната прес-конференција во Собранието.

Сите детали за постигнатиот партиски договор

Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.