Најмалку девет луѓе беа убиени и 16 други повредени во вчерашниот вооружен напад во една шопинг област во Минхен, Германија.
Полицијата бараше напаѓачи, мислејќи дека има тројца и пронашла маж кој се самоубил во една уличка блиску до Олимпиа шопинг центарот, информираше шефот на полицијата, Хубертус Андрае.
Според безбедносните камери и изјавите на сведоците, полицијата заклучи дека убиецот делувал сам, додаде Андрае.
Неидентификуваниот напаѓач имал 18 години и иранско потекло и живеел во Минхен најмалку две години, пренесе CNN.
Тој не и е познат на полицијата и неговите мотиви не се познати. Ниедна група засега не преземала одговорност за нападот.
Неколку од загинатите во нападот се деца.
Напаѓачот започнал да пука во Мекдоналдс кој бил спроти шопинг центарот Олимпија околу 5:50 попладне. Сведок на настанот, која сака да биде идентификувана само по нејзиното име, Лорета, за CNN изјавила дека нејзиниот син бил во тоалетот додека ресторанот бил во ресторанот.
„Тој го полнеше оружјето, слушнав аларм и потоа звуци од пукање…Тој ги убиваше децата кои беа дојдени да јадат, тие не можеа да избегаат“.
Според неа, напаѓачот викнал „Алах е голем“ на арапски додека го правел нападот.
Нападот доаѓа во време кога неколку терористички напади ја вознемирија Европа.
Неделава, тинејџер кој рекол дека бил инспириран од ИСИС, прободе патници на германски воз пред полицијата да го убие.
Осум дена претходно, 84 луѓе беа убиени од маж кој со огромен камион влета во толпа која го славеше Денот на Бастилја, во Ница, Франција.




