НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Препораката е условена со решавање на кризата

0
By Сашка Цветковска on April 16, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Европската комисија препорачува старт на преговори за Македонија, но таа препорака е условена со резултати од мартовскиот договор помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, препораката зависи директно од тоа дали ќе се формира анкетната комисија за расчистување на инцидентите од 24 Декември, дали ќе се продолжи дијалогот со новинарите и склучувањето на меморандумот за соработка помеѓу партиите.

Ова е се накусо заклучоците од пролетниот извештај за напредок кој денес попладнето беше презентиран во Брисел. Еврокомесарот за проширување Штефан Филе на прес конференцијата рече дека не е задоволен од тоа како тече имплементацијата на договореното помеѓу партиите од Март.

-Има напредок во однос на реформите. Но, изразувам загриженост дека договорот од 1 март кој помогна да се надмине кризата е далеку од имплементиран и ги повикувам политичарите ушпте од мојата последна посета да направат екстра напори за да ја покажат нивната заложба за спроведување на договореното од овој договор, фирмирањето на анкетна комисија, меморандумот за разбирање и продолжување на дијалогот со новинарите, истакна Филе.

Во однос на меѓусоседските односи, Штефан Филе рече дека разговорите кои се во тек околу новиот предлог на Нимиц за името претставува нов импулс кој дава надеж дека овој предлог ќе доведе до решение.

-Во однос на проблемот со името, минатата недела имаше нов предлог од медијаторот на Обединетите нации во разговори со двете страни во Њујорк, со надеж дека ова може да доведе до договор, рече Филе.

Генерално, извештајот констатира напредок во областите, а најголемите критики се на адреса на слободата на медиуми.

-Околу заложбите од договорот од 1 Март дека Владата треба да го врати дијалогот со новинарите се уште ништо не е постигнато. Довербата мора да се врати, пишува во извештајот.

Внимание е посветено и на новиот закон за медиуми во кој комисијта констатира дека нема вклученост на сите засегнати страни во носењето на законот.

-Суштински е процесот во однос на носењето на нова регулатива за медиумите да биде инклузивен и да ги вклучува сите страни. Нема напредок во однос за зголемувањето на транспарентноста на владините реклами.

-Има постојани грижи околу самоцензурата, сиромашните работнички права и пристапот на јавноста до објективно известување. За време на изборите набљудувачите забележаа небалансирано известување од страна на јавниот сервис и приватните ТВ станици.

Институциите се пофалени за брзата и ефикасна реакција во однос на протестите околу назначувањето на новиот министер за одбрана, но исто така, се забележува дека за време на изборите е промовирана националистичка реторика.

Во втората половина на јуни Советот ќе одлучува во однос на препораката на Комисијата за почеток на преговори.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.