НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мајкл Мур: Пет причини зошто Доналд Трамп ќе победи

0
By Нова ТВ on July 24, 2016 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Познатиот американски режисер Мајкл Мур на својата фан страна на Фејсбук објави колумна со неговите аргументи зошто тој смета дека Доналд Трамп ќе победи на изборите за американски претседател.

Во продолжение пренесуваме дел од колумната:

Пријатели,

Жалам што мора да донесам лоши вести, но бев искрен и со вас минатото лето кога ви кажав дека Доналд Трамп ќе биде републиканскиот кандидат за претседател на САД. А сега имам уште поужасни, депресивни вести за вас: Доналд Трамп ќе победи на изборите во ноември. Овој беден, игнорантен, опасен привремен кловн и целосен социопат ќе биде нашиот следен претседател. Претседателот Трамп. Ете кажете си го тоа, затоа што следните четири години ќе ги кажувате „Претседателе Трамп“.

Никогаш во животот не сум сакал повеќе да не бидам во право од сега.

Знам дека не верувате и велите „Не Мајк, ова нема да се случи“. За жал, живеете во балон каде вие и вашите пријатели сте убедени дека американскиот народ нема да избере идиот за претседател. Мора да излезете од ова балонче веднаш.

Не ме сфаќајте погрешно, имам голема надеж за нашата земја. Работите се подобруваат. Левицата победи во културните војни. Геј мажите и лезбејките може да стапат во брак. Поголемиот дел од Американците сега ја заземаат либералната позиција на речиси сите анкетни прашања кои им се поставени: Еднакви плати за жените – за. Абортусот треба да биде легален – за. Посилни еколошки закони – за. Повеќе контрола за поседување оружје – за. Легализација на марихуана – за. Големи промени се случија – само прашајте го социјалистот кој годинава победи во 22 држави. И нема дилема дека доколку луѓето можеа да гласаат од нивниот кауч од дома, или на нивниот Плејстешн, Хилари ќе победи на изборите.

Но така не функционира Америка. Луѓето мора да ја напуштат куќата и да застанат во редица за да гласаат. А ако живеат во сиромашни, Афро-американски или Латино маала, не само што нивните редици се подолги, туку буквално се е направено за да бидат спречени да гласаат. Така на повеќето избори е многу тешко да се добие 50 % излезност. И тука лежи еден од проблемите – кој ќе има најмотивирани, и најинспирирани гласачи кои ќе дојдат да гласаат? Го знаете одговорот на ова прашање. Кој е кандидатот со најбесни поддржувачи? Чии избрлавени фанови ќе станат уште во пет наутро за да дојдат на гласање, се до затварањето на последното гласачко место, осигурувајќи се дека секој Том, Дик и Хари (и Боб и Џо и Били Боб и Били Џо и Били Боб Џо) го дале нивниот глас? Токму така. Тоа е опасноста во која сме сега. И не се залажувајте – ниту една количина на ТВ реклами за Хилари, или победи во дебати нема да го спречат.

Ова се петте причини зошто Трамп ќе победи:

1. Нашиот Брегзит

Мислам дека Трамп ќе се фокусира најмногу на четирите сини држави – Мичиген, Охајо, Пенсилванија и Висконсин. Четири традиционално демократски држави – но секоја бирала републикански гувернер од 2010-та (само Пенсилванија конечно избра демократ).  Во март на партиските избори, повеќе луѓе во Мичиген излегоа да гласаат за Републиканците (1.32милиони) за разлика од Демократите (1.19 милиони). Трамп ја води Хилари во последните анкети во Пенсилванија и е изедначен со неа во Охајо. Изедначен? Како може да е толку блиска трката после се што кажа и направи Трамп? Можеби е зошто кажа дека поддршката на Клинтонови на НАФТА помогна да се уништат индустриските држави на горниот Средо-Запад.

Од Грин-Беј до Питсбург, ова мои пријатели е средината на Англија – искршена, депресивна, едвај одржувајќи се, она што ние еднаш го викавме средната класа. Лути, работници и луѓе без работа кои беа лажени од Реган и напуштени од демократите. Она што се случи во Британија со Брегзит ќе се случи и овде. Се појавува некој како Борис Џонсон и кажува буквално се што ќе му падне напамет само за да ги убеди масите дека ова е нивната шанса! Да им се покаже среден прст на сите оние кои го уништија Американскиот Сон! И сега аутсајдерот, Доналд Трамп, пристигна да ја исчисти куќата. Не мора да се согласувате со него. Не мора ни да ви се допаѓа. Но сега тој е вашиот личен молотов коктел кој ќе го фрлите во центарот на копилињата кои ви го направија ова. Пратете порака, Трамп е вашиот гласник.

И овде доаѓа математиката. Во 2012-та Мит Румни изгуби 64 изборни гласа. Соберете ги изборните гласови кои ги носат државите Мичиген, Охајо, Пенсилванија и Висконсин. Вкупно се 64. Се што треба да направи Трамп за да победи е да победи во традиционално црвени држави кои никогаш немаат да гласаат за Хилари како Ајдахо или Џорџија, и потоа да победи во овие четири држави. Не му треба Флорида. Не му требаат Колорадо и Вирџинија. Само Мичиген, Охајо, Пенсилванија и Висконсин. И тоа ќе го фрли на врвот. Тоа ќе се случи во ноември.

2. Последниот чекор на лутиот бел маж

Нашето машко 240-годишно владеење на Америка доаѓа при крај. Жена ќе дојде да преземе лидерство. Како се случи ова? На наша стража. Имаше предупредувачки знаци, но ги игнориравме. Никсон, предавникот на родовите, постави правила дека девојчињата во училиштата исто треба да добијат шанса да играат спортови. Потоа им дозволија да летаат авиони. Пред да забележиме, Бијонсе излезе на Super Bowl годинава (нашата игра) со армија црни жени со кренати тупаници, прогласувајќи дека нашата доминација ќе биде завршена.

Тоа е еден мал поглед во загрозениот ум на белиот маж. Има чувство дека моќта се лизга од нивните раце, и дека нивниот начин на правење на нештата веќе не е начин на кој се прават нештата. Ова чудовиште, „Феминази“, кое како што вели Трамп „крвави низ очите или низ каде и таа да крвари“ не покори и сега, откако моравме да трпиме осум години Афроамериканец да ни кажува што да правиме, сега треба да седиме и уште осум години жена да ни наредува? Па после тоа уште осум години ќе има гејови во Белата куќа! Па тоа ќе дојдат транссексуалците. Гледате каде води ова. Па потоа и животните ќе бараат човекови права и е**н хрчак ќе ја води земјава. Ова мора да сопре!

3. Проблемот со Хилари Клинтон

Може да збориме отворено помеѓу нас? И пред да го направиме тоа да кажам дека Хилари ми се допаѓа, доби полош третман отколку што заслужува. Но нејзиниот глас за војната во Ирак ме натера да ветам дека никогаш нема да гласам за неа пак. И до денес го немам прекршено тоа ветување. Но во име на тоа да спречам фашист да стане наш претседател, ќе го прекршам тоа ветување. За жал верувам дека Клинтон ќе најде начин да не внесе повторно во некаква воена акција. Таа е сокол, десно од Обама. Но психо прстор на Трамп ќе биде на Копчето и тоа е тоа. Готово и готово.

Да се соочиме: Нашиот најголем проблем овде не е Трамп – туку Хилари. Таа е многу непопуларна – речиси 70% од сите гласачи мислат дека нема доверба во неа и е неискрена. Таа го претставува стариот начин на кој се прави политика, не верувајќи во ништо друго освен во она кое може да ти донесе победа на избори. Затоа еднаш се бори против геј луѓето да имаат право на брак, па потоа е за геј бракови. Младите исто така не ја сакаат, нема ден да не ми каже некој млад човек дека нема да гласа за неа. НИеден демократ или независен нема да се разбуди на 8-ми ноември и да трча на гласање како што тоа се правеше за Обама, или за Берни на партиските избори. Едноставно ентузијазмот го нема. И затоа што изборите ќе се сведат на тоа кој ќе изнесе повеќе луѓе пред гласачките места, Трамп води.

4. Депресивниот глас за Сандерс

Доста се жалите дека поддржувачите на Берни нема да гласаат за клинтон, ќе гласаме за неа. Анкетите веќе покажуваат дека повеќе гласачи на Сандерс ќе гласаат за Хилари годинава, отколку бројот на нејзини гласачи на партиските избори во 2008-ма, кои потоа гласаа за Обама. Ова не е проблемот. Но она што е алармирачки е што за разлика од ваквото „незадоволно“ или депресивно гласање, поддржувачите на Сандерс нема воодушевено да инспирираат уште петорица со нив, да дојдат на гласање. Нема да се фалат зошто одат да гласаат за неа. Депресивни гласачи. Затоа што кога си млад имап нула толеранција за лажни луѓе и лаги. Враќањето во Клинтон/Буш ерата за нив е како одеднаш да мораат да плаќаат за музика, да користат МајСпејс или со нив да влечат огромен телефон кој тежи.

Клинтон ќе мора да им даде нешто на овие луѓе за да излезат да гласаат и бирањето умерен белец како нејзин изборен кандидат за потпретседател, не е тој чекор кој им вели на младите дека нивниот глас е важен за Хилари. Да имаше две жени на гласачкото ливче тоа ќе беше возбудлива идеја, но Хилари се уплаши и се одлучи да игра безбедно. Ова е само еден пример како таа го убива младиот глас.

5. Џеси Вентура ефектот

Конечно, да не заборавиме дека гласачкото место е едно од ретките места каде нема безбедносни камери, апарати за прислушување, нема сопружници, деца, шефови, нема полиција а нема ни временски лимит. Може да гласаш за Мики маус и Пајо Паторот. Нема правила. И поради ова и лутината која ја чувствуваат кон еден скршен политички систем, милиони ќе гласаат за Трамп, не затоа што се согласуваат со него, не затоа што го сакаат неговото его, туку само затоа што можат да го направат тоа.

Затоа што ќе ги налутат мама и тато. И на истиот начин како што кога стоите на работ на Водопадите на Нијагара и умот забегува за момент како би се чувствувале да се отиде преку работ, многу луѓе ќе бидат во позиција на газди на куклената претстава, и ќе гласаат за Трамп само колку да видиме како тоа ќе изгледа.

Се сеќавате во деведесетите кога луѓето во Минесота избраа професионален борач за нивен гувернер. Не го направија тоа затоа што се глупаци или мислеа дека Џеси Вентура е некаков политички интелектуалец. Го направија тоа затоа што можеа. Минесота е една од најпаметните држави во Америка. Но исто така е полна со луѓе кои имаат темна смисла за хумор – гласањето за Вентура беше нивната добра практична шега за болниот политички систем. Ова пак ќе се случи со Трамп.

Враќајќи се од хотелот по шоуто на Бил Мајер посветено на републиканската изборна конвенција еден човек ме сретна на улица и ми рече, „Мајк, мора да гласаме за Трамп, малку да ги размрдаме работите“. Тоа е тоа. Тоа беше доволно за него. „Да ги размрдаме работите“. Претседателот Трамп ќе го направи толму тоа, и добар дел од електоратот едноставно ќе сака да си седне и да го изгледа ова реално шоу.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.