Мигрант од Сирија активирал бомба што ја носел во својот ранец во близина на место каде се одржувал музички фестивал во германскиот град Ансбах, при што тој загинал, а 12 луѓе се повредени, од кои тројца се во критична состојба.
Според германската полиција, Сириецот ја активирал бомбата откако не му било дозволено да влезе на фестивалот.
По нападот, фестивалот е прекинат, а евакуирани се 2.500 присутни.
Според пишувањето на гермабнските медиуми, се работи за 25 годишен Сириец, кому неодамна германските власрти одбиле да му дадат азил. Синоќешниот напад е четврти по ред во Германија за една недела.
Неколку часа по експлозијата, баварскиот министер за внатрешни работи Јоаким Херман изјавид ека е лично убеден оти се работи за исламистички самоубиствен напад. Тој воедно истакнал дека Сириецот и бил познат на полицијата као сторител на кривични дела.
Херман изјави дека засега не е јасно дали напаѓачот планирал да изврши самоубиство или со себе во смрт сакал да понесе и други. Во Германија пристигнал пред две години, а според полицијата повеќепати се обидел да изврши самоубиство.
Херман истакна дека во ранецот имало експлозив и парчиња метал, доволно да бидат убиени голем број луѓе. Полицијата проверува дали тој имал соучесници.




