Шон Ахил (14 години) и Стефан Стродер (18) се жртвите по пукањето на тинејџерска забава во Флорида, потврди тамошната полиција. Полицијата на Форт Маерс ги одбива сите шпекулации дека можеби се работи за терористички напад.
Во Бат Ли болницата, 16 луѓе на возраст од 12 до 27 години се примени поради тешки повреди.
Властите засега приведоа тројца возрасни кои се осомничени дека се поврзани со пукањето, но и понатаму останува нејасен мотивот.
Клубот Блу каде што се одржувала забавата, изрази сочувство за убиените, но потенцира дека имале вооружено обезбедување и надвор и внатре во клубот, а хаосот настанал кога родителите ги собирале своите деца кон крајот од забавата.
Според пишувањата на американските медиуми, полицијата нема потврда колку куршуми биле испукани од оружјето но имало над 30 одбележани маркери како доказ пред самиот клуб.




