Published: Tuesday, July 26, 2016 10:26
Најмалку 19 луѓе се убиени, а 45 се ранети во напад со нож во Дом за лица со инвалидност во Јапонија.
Напаѓачот е идентификуван како Сатоши Уемацу, кој бил вработен во Домот во градот Сагамихари во близина на Токио и кој и се предал на полицијата.
Според полицијата тој бил неколкупати бил хоспитализиран во психијатриска установа. Во една прилика тој дури и испратил писмо на полицијата во кое се понудил да убива лица со инвалидитет, доколку тоа го одобри Владата.
Полицијата на почетокот на годината го контактирала Сатоши заради бизарниот предлог по што на 19 февруари бил сместен во психијатриска болница. На 2 март бил пуштен откако лекарите процениле дека неговата состојба е добра. Сега е води истрага за околностите на нападот.




