Првата дама на САД Мишел Обама синоќа на Конвенцијата на Демократската партија во Филаделфија рече дека Хилари Клинтон е единствен кандидат кој е подготвен да биде претседател на државата и остро го критикуваше однесувањето и темпераментот на републиканскиот ривал Доналд Трамп.
Говорот на Обама беше дочекан со овации од присутните. Таа ја опиша Клинтон како „челична политичарка“ која не донесува нагли одлуки.
-Благодарение на Хилари Клинтон моите ќерки и нашите деца земаат здраво за готово дека жената може да биде претседател на САД, рече Мишел Обама во емотивниот говор со кој и даде поддршка на Клинтон во претседателската трка.
Нејзиниот говор според аналитичарите се чини придонел за неопходното единство во партијата, кое беше доведено во прашање на првиот ден од Конвенцијата кога привзаниците на Берни Сандерс, партискиот противкандидат на Клинтон, ја исвиркаа и гласно негодуваа ској пат кога некој од говорниците ќе ја споменеше Клинтон.
Нивнта реакција е резултат на мејловите кои протекоа во јавноста и од кои се гледа дека во Демократската партија се работело на дискредитација на кампањата на Сандерс. Раководството на партијата потоа му се извини на сенаторот од Вермонт и неговите приврзаници за ваквата „неоправдана постапка“.




