Демократите во САД синоќа на Конвенцијата во Филаделфија направија историски чекор номинирајќи ја Хилари Клинтон за кандидат за претседателските избори, која е прва ќена номинирана за оваа функција во САД.
– Ова е извонредна чест што ми ја дадовте. Ова е ваша победа и ова е навистина ваша вечер, изјави Клинтон. Доколку има двојчиња кои се уште не заспале, и ме гледаат само да им каќам дека може да станам првата жена претседател на САД. Но некоја до вас е следната, рече таа.
Во обраќањето по формалното прифаќање на номинацијата таа рече дека ја направила најголемата пукнатина во стаклениот таван за напредување на жените во општеството, алудирајќи на симболичниот чин на нејзиното официјално претставување, преку пукање на стаклениот таван во салата на која беа сликите на сите досегашни претседатели на САД.
По хаотичниот почеток на Конвенцијата пред неколку дена, во текот на која приврзаниците на нејзинот партиски противкандидат Берни Сандерс гласно негодуваа и ја исвиркуваа Клинтон, таа успеа да ги собере неопходните 2382 делегати и да ја добие новимацијата.
За време на вчерашното претставување, симпатизерите на Сандерс беа малку повоздржани во изразувањето незадоволство. Нивниот гнев беше поттикнат откако Викиликс пред три дена објави околу 20.000 мејлови на Демократската партија кои сугерираат дека активно се работело на дикредитација на кампањата на Сандерс.




