AP објави фотографија со оштетен експрес лонец и искината црна торба за кои FBI смета дека биле дел од бомбата која експлодирала на бостонскиот маратон.
ФБИ соопшти дека засега никој не ја презел одговорноста за бомбашките напади во Бостон.
Агентот на ФБИ Рик Делориер изјави дека учесниците во истрагата испитуваат предмети најдени на местата на двете експлозии, вклучувајќи и парчиња од црн најлон, кои можеби се од вреќите во кои биле скриени бомбите.
Претседателот на САД, Барак Обама денеска ќе отпатува во Бостон каде ќе одржи говор на верската служба посветена на жртвите од нападот во кој загинаа тројца, 170 луѓе беа повредени.