Американскиот претседател Барак Обама синоќа ги повика членовите на Демократската партија да и помогнат на Хилари Клинтон да го победи републиканскиот ривал Доналд Трамп на претседателските избори истакнувајќи дека овие избори не се важни само за партиската политика, туку и за целата американска демократија.
Обама на Конвенцијата го опиша Трамп како човек кој незнае ништо за политика, кој се зближува со диктатори и истакна дека изборите во ноември се повеќе од одлуказа тоа која партија или политика треба да преовлада.
За 68- годишната Клинтон тој рече дека знае што значи да се биде во просторијата каде што се донесуваат одлуки, бидејќи била прва дама, сенатор и државен секретар, која ќе ја промени епохата и ќе го одбележи претседателскиот мандат во стилот на ударот против Осама бин Ладен.
Претходно сенаторот Тим Кејн ја прифати номинацијата за потпретседател и официјално стана партнер на Хилари Клинтон во претседателската трка.
Клинтон денеска, на завршниот ден од Конвенцијата и официјално ќе ја прифати претседателската номинација од Демократската партија.
За време на говорот на Обама, пред конгресниот центар во Филаделфија уапсени се најмалку седум демонстранти бидејќи се обиделе да ја прескокнат безбедноста ограда.
Според полицијата запалено било и американското знаме, а притоа е повредена и една жена.




