Пратеничката на СДСМ Лидија Димова се жали дека полициски службеници и дошле дома и барале од неа сега да потпише записник за комбето од „Шарената револуција“. Случајот го пријавила во Внатрешна контрола.
-Во текот на целиот вчерашен ден дома доаѓал полицаец од Сообраќајната полиција, да ме бара, иако цела Македонија ме гледаше во собраниските клупи во Парламентот. И на човек кој нема никакво познавање на законите му е јасно дека е врвен апсурд да се потпишува записник за нешто што се констатира на самото место по цел 1 месец.
Да не зборувам за тоа со кое право ми доаѓаат и ме вознемируваат во вечерни часови мене и семејството?!Во тоа време навечер во маалото има луѓе, како што гледате тука има и игралишта и целта е јасно, да се прави некаков филм на притисок, изјави Димова денеска.
Од ВМРО-ДПМНЕ со писмена реакција и порачуваат на пратеничката да си ја плати казната.
-Бескрајна и тажна е агонијата во која што потоа СДСМ предводена од аболицираниот криминалец Зоран Заев. Просторот за манипулации им се стеснува. Изборите наближуваат, наближува и казната од граѓаните за ваквото деструктивно однесување на СДСМ. После изборите ќе мора да врати се што украл, исто како што и нервозната Лидија Димова ќе мора да ги плати казните за сообраќајните прекршоци што ги направила.
Затоа госпоѓо Димова, платете си ја казната! Вие и аболицираниот криминалец Зоран Заев не сте над останатите граѓани. Сите граѓани се еднакви пред законот и доколку сте погрешиле треба да одговорате, вклучително и за сообраќаен прекршок.
Времето што сте го потрошиле на прес конференции, г-ѓо Лидија Димова сте можеле да го искористите и да отидете до полициската станица и да се однесувате како одговорен и возрасен граѓан на Република Македонија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.




