Брачен пар од Аризона е уапсен бидејќи двегодишниот син го оставиле сам за да бараат Покемони. Полицијата го нашла исплашеното момче надвор од куќата на 30 степени, без вода, додека плачејќи се обидувал да влезе во куќата.
Брент (27) и Бриан Далеј (25) признале дека синот го оставиле сам час и половина и се обвинети за загрозување на животот на детето и занемарување.
Полицијата добила дојава за детето, па кога му се јавиле на неговиот татко тој им рекол дека му е сеедно и им спуштил слушалка. Кога сопружниците конечно се вратиле дома, прво тврделе дека заминале да наточат гориво во автомобилот.
Подоцна признале дека барале Покемони по паркови и други места во градот, пишува Скајњус.