Published: Wednesday, August 3, 2016 12:05
Во околината на разурнатиот сириски град Алепо, се водат интензивни судири каде бунтовниците се обидуваат да го пробијат обрачот што околу градот го направија државните сили. „Би-би-си“ јавува дека бунтовниците активирале силна бомба во тунел под позициите на сириската армија во стратешки важниот округ Раусех.
Армијата возвратила на нападите со поддршка од руските воздухопловни сили, за да ги спречи бунтовниците да се пробијат.
Се проценува дека околу 250.000 цивили живеат под опсада во областите што ги контролираат бунтовниците, откако државните сили ги опколија минатиот месец. Според бунтовниците во тек е “епска битка за Алепо“, во која учествуваат околу 10.000 борци, најмалку 95 тенкови и неколку стотини ракетни фрлачи.




