Published: Saturday, August 6, 2016 18:02
Двајца припадници на беглиската полиција попладнево се нападнати со мачета од страна на засега неидтентификуван напаѓач во градот Шарлерои. Полицијата го ранила напаѓачот кој е вон животна опасност.
Ова е нов случај во кој напаѓачите го злоупотребуваат исламот, бидејќи при нападот лицето извикувало „Алаху акбар“ (Господ е голем).
Инаку градот Шарлерои беше терористичка ќелија за џихадистите кои ги подготвуваа нападите во Париз во ноември минатата година како и во Брисел годинава.




