Стотици Турци денес излегуваат на митинг во Истамбул на повик на претседателот Реџеп Таип Ердоган а се очекува, според весникит Хуријет, околу 3 милиони луѓе да учестуваат на овој собир за поддршка политиката на претседателот. Овој собир треба да биде апотеоза на изминатите три недели на народна мобилизација по неуспешниот пуч во Турција на 15 јули.
Овој «собир за демократија и за мачениците» е организиран на иницијатива на владата а на собирот ќе учестуваат и две опозициски партии. Тие ќе земат збор откако ќе бидат прочитани стихови од Куранот. Потоа Ердоган ќе земе збор на митинг на кој се викнати семејствата на 239 «маченици» од неуспешниот воен удар. Во овој удар загинаа 273 лица.
На транспарентите на учесниците пишува, помеѓу другото, «Ердоган, ти си дар од Бога» или «Нареди ни и ние ќе умреме за тебе». Стотици црвени турски знамиња се веат на протестот.
Едроган го повика Турците да излезат на улица и да ги спречат намерите на пучистите. Премиерот Јилдрим Бинали предупреди дека митингот мора да покаже дека станува збор за «една нација, една татковина и една држава» и никаква провокација нема да биде толерирана.
Околу 15.000 полицајци се грижат за безбедноста на митингот а тој ќе биде пренесува на џиновски екрани низ целата земја.






