На десеттиот интернационален конкурс за најкраток расказ на списанието за книжевност, уметност и култура “АКТ“ учествувале 142 автора со над 900 раскази од Србија, Македонија, Република Српска, Хрватска, Бугарија и Канада.
Жири комисијата во состав: м-р Душан Стојковиќ (претседател), Данијела Падејски и Дејан Богојевиќ ја донел едногласната одлука првата награда да ја добие Христо Петрески од Македонија за краткиот расказ со наслов “Стан“.
Наградените раскази ќе бидат објавени во списанието за книжевност, уметност и култура “Акт“.