НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Експерти: Немаше да има проблем ако имаше проточни канали за дождот

0
By Светлана Јовановска on August 8, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Според МВР досега официјално има 21 жртва од поплавата. Но, со оглед на фактот што шест лица се уште се водат за исчезнати, сосема е можно бројот на жртви да биде поголем.

Количеството од 93 милиметри кубни дожд на метар квадратен, или 30 милиони кубни метри вода вкупно на релативно мала површина во период од 18 до 24 часот, е доста ретка појава. Но не е појава чие повторување може да се отфрли со одмав на раката и да се верува дека тоа повеќе нема да се случи.

Во минатото имало и поголеми врнежи во Македонија и повторно ќе ги има, тврди за НОВА Ивица Милевски, професор на Институтот за географија.

Во минатото имало и поголеми врнежи во Македонија и повторно ќе ги има. Колку што е поразвиена државата, толку е помало значење на количеството на врнежите.

Во Гевгелија имало врнежи од 160 милиметри што е речиси двојно од количеството вода кое се истури врз скопските села. Милевски дава и други примери во регионот како во Варна, Бугарија каде се забележани врнежи од 140 милиметри или во Ријека, Хрватска каде паднале 230 милиметри вода.

“Колку што е поразвиена државата, толку е помало значење на количеството на врнежите”, вели Милевски. Оттука, треба да се работи на превенција на поплави и според него потребни се од 10 до 40 милиони евра за да се заштити Скопје.

“Не би имало проблем доколку има проточни канали кои водата би ја воделе до Вардар”, вели Милевски. И додава дека не е проблемот само во Скопје и неговата околина туку дека и многу други места во Македонија се во опасност.

Околу скопската обиколница Милевски вели дека не го познава проектот според кој овој пат е граден и дали се водело сметка да се обезбедат канали во кои шутот и другиот смет нема да ги затрупува и да прави еден вид брана низ која водата не може да се евакуира.

1

2

3

Сличен е и ставот на Живко Велјановски, универзитетски професор на Градежен факултет на катедрата за водовод и канализација.

Во изјава за „Фактор“ тој вели дека неговиот факултет барал ревизија на проектот за обиколницата:

“Баравме да се прифатат атмосферските води од над обиколницита, да не одат под патот и директно водите да се слеваат во Стајковци и инсистиравме да се обезбеди тие атмосферски води да не одат ниту над, ниту под патот, туку да се направи проект за да тие води се слеваат на безбедно, во Вардар”.

4

5

6

Политичките партии почнуваат да бараат одговорност за поплавата. Либералната партија вели дека “дождот е „виша сила“, но неисчистените одводни канали, недоволното инспектирање на патиштата и нивната дренажа, недоволното инвестирање во одводи и канализации во Скопје и скопската котлина, додека барок и стиропор го затрупаа Скопје – се дело на власта”.

Од партијата Беса велат дека имало предупредувања дека до ваква поплава може да дојде: “ова е доволна индикација за Јавниот обвинител на Република Македонија, да покрене истрага за идентификување на кривичната одговорност на правните лица, кои со својата пасивност дозволиле една ваква непогода”, вели Беса и ги цитира градоначалниците на Арачиново, Гази Баба, на Град Скопје (екс градоначалник на Гази Баба), министерот за Животна средина и просторно планирање, актуелниот и бившиот премиер.

Ивица Милевски обиколница поплава превенција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.