Тројца новинари се полесно повредени синоќа при напад врз автобус во кои се наоѓале известувачите од Олимписките игри во Рио, изјави портпаролот на организацискиот
комитет Марио Андрада.
Повредените се новинари од Турција, Аргентина и Белорусија.
Неколку прозорци на автобусот биле искршенидодека тој се движел во реонот на фавелата Сидади ди Деуш, а властите истражуваат дали се работи за напад со огнено оружје.
Автобусот се движел од спортскиот комплекс „Деодоро“ кон главниот прес центар.
По нападот возилото го продолжило патот со воена придружба.
Меѓународниот Олимписки Комитет соопшти дека безбедносните сили го истражуваат инцидентот. Брзо по настанот пристигнала полиција и со придружба го испратила автобусот до прес центарот. Организациониот комитет соопшти дека се зголемени воените патроли како одговор на нападот.
Во саботата куршум го проби покривот од шаторот на медиа – центарот Еквестријан што се наоѓа блиску до воениот комплекс.




