Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Граѓаните пријавуваат штети од поплавите, комисиите почнаа со проценки

0
By Нова ТВ on August 11, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 11, 2016 11:25

Во осигурителните компании досега пристигнале повеќе од 350 пријави за штети од невремето од 6 август и поплавите што најмногу го зафатија скопскиот регион, чија вредност е околу 300 илјади евра.

Од нив 320 пријави се однесуваат на оштетен имот, а 30 за автомобили и други моторни возила. Според досега пристигнатите пријави, повеќето се поднесени од граѓани, а 70 пријави се поднесени од компании.

Околу 420 фирми од Сингелиќ се пожалиле дека им се уништени стоки од увоз вредни и до 15 милиони евра, но засега немаат поднесено пријава до осигурителните компании за оштета.

Осигурителните компании очекуваат бројката на пријавени штети да расте во наредниот период.

Во меѓувреме и комисиите за проценка на штетите започнаа со работа на терен на местата кои беа најпогодени од поплавите – Ченто, Синѓелиќ, Стајковци, Економија, Инџиково, Црешево, Брњарци и Смилковци, каде што се поплавени околу 5 000 куќи.

– Комисиите штетата ја проценуваат со директен увид во секое средство и материјално добро во сопственост на правните лица, самостојните вршители на дејности и граѓаните што претрпеле каква и да е штета и за секое прегледано средство треба да утврдат дали е оштетено или уништено, се наведува во Уредбата на Владата за начинот на работа на комисиите за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди и други несреќи.

Членот 5 од Уредбата предвидува дека за потешко оштетените средства треба да се утврди дали нивното оштетување е во толкава мера што не може да се изврши поправка, или трошоците за поправка се толку високи што таа не е исплатлива и во тие случаи треба да се третираат како уништени средства.

По завршувањето на процената, комисиите треба да изработат пресметка на трошоците потребни за секое материјално добро кое треба да биде доведено во првобитната состојба, односно во состојбата пред настанувањето на оштетувањето.

Комисиите го доставуваат збирниот извештај за проценетите штети до Владата, додека извештајот за процена за утврдена загуба на приходот од продажбата на земјоделските растенија и животни и на земјоделски имот и штети на стакленици и пластеници го доставуваат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

поплави проценка штети
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.