Членовите на ФБ-групата „Humanitarna pomos za poplavenite semejstva vo Skopje“ ги повикуваат граѓаните на Република Македонија, коишто се физички и здравствено подготвени, на како што велат, ЗАЕДНИЧКА УДАРНА АКЦИЈА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА ТЕРЕНОТ на сите критични точки.
Збирното место е „Веро Центар“, утре на 13 август 2016 година (сабота) во 8 часот од каде ќе се оди на критичните места.
– Увидот на теренот покажува дека само така, со организираност, координираност, масовност и голема екипираност ќе можеме да успееме да се расчисти теренот и да се спречат опасностите коишто можат да следат ако тоа не го сториме веднаш. Сега, таму сме најпотребни, се вели во повикот на на волонтерите.