Излегувањето на Британија од ЕУ би можело да биде реализирано дури кон крајот на 2019 година, бидејќи мора претходно да биде темелно подготвена задачата за британските државни служби, а почетокот на преговорите за Брегзит би можел да биде одожен за периодот по изборите во Франција и Германија, пишува денеска британскиот весник Сандеј Тајмс.
Владата на британската прмиерка Тереза Меј навести дека планира да го активира Членот 50 од Лисабонскиот договор со што и официјално го започнува процесот за излез од ЕУ на почетокот на 2017 година, со што би започнал двегодишниот процес на преговори со официјалните претставници на Брисел за условите.
Сандеј Тајмс сепак наведува дека некои британски министри приватно ги предупредиле челниците на тамошниот финансиски сектор дека Членот 50 би можел да биде активиран дури кон крајот на 2017 година што значи дека Британија би можела да излезе од ЕУ дури во 2019.
Неименуван министер за Сандеј Тајмс изјавил дека изборите во Германија и во Франција претставуваат извесен предизвик.
Франција ги закажа претседателските избори за април и мај следната година, додека во Германија тие ќе се одржат на есен 2017.
Тереза Меј основа ново Министерство за преговори за Брегзит откако на референдумот на 23 јули победи опцијата за изле од ЕУ, но министерот Дејвид Дејвис наводно вработил само половина персонал од потребниот.
Другото ново Министерство, за меѓународна трговија исто така има тешка задача да регрутира стручњаци, откако Лондон остана на ограничен број искусни преговарачи бидејчи официјален Брисел со децении го води тој сектор за Британија како членка на ЕУ.




