Нема знаци на тероризам во нападот што во раните утрински часови се случи во центарот на германскиот град Келн, при што едно лице е рането, изјави портпаролката на локалната полиција.
Локалниот весник Келн експерес објави дека рано утрово едно лице е рането во напад со нож и со огнено оружје, но портпаролката на полицијата рече дека се уште се чека официјална потврда од болницата, каде што е однесен повредениот.
Според Келн експрес нешто пред 4 часот утрово граѓани се јавиле во полицијата да пријават дека тројца или четворица мажи му се нафрлиле на едно лице. Притоа навеле дека виделе и ладно оружје и дека еден од нив кој бил повреден се обидел со автомобил да избега, по што напаѓачите почнале да пукаат.
Полицијата подоцна пронашла двајца од четворицата напаѓачи, но мотивот се уште не е познат.




