Децата под седумгодишна возраст се жртви на сексуални напади во европските кампови за бегалци, тврдат хуманитарните организации.
Британскиот весник Индепендент објавува дека во нивните извештаи во делот каде се наведуваат вознемирувачки обвинувања за животот во камповите, се вели дека некои се исплашени дури и да ги напуштат шаторите, бидејќи можат да станат мета на напаѓачите.
Волонтер во грчкиот камп Софтекс за весникот Обзервер вели дека девојчиња се жртви на банди составени од постари мажи. Тој го наведува примерот на едно семејство од Ирак кое било итно преместено во друг камп откако нивната 7 годишна ќерка била жртва на сексуален напад.
– Родителите се уште не можат да поверуваат дека тоа се случило. Маж од таквите банди ја повикал нивната ќерка во неговиот шатор наводно да игра игри на телефонот, по што го затворил шаторот. Таа подоцна се вратила со модриви на рацете и вратот. Девојчето признало дека било сексуално злоупотребено. Таа е преплашена за цел живот, вели волонтерот.
По настанот, семејството изјавило дека веќе не сака да остане во Европа и сака да се врати во Ирак.
И други хуманитарни организации велат дека слушнале примери за сексуална злоупотреба на деца и жени во камповите, со што се отвора дилемата: дали се обезбедува соодветна заштита на најранливите групи бегалци?
Во мај, чистач во турски бегалски камп беше осомничен дека силувал над 30 момчиња, од кои најмлаото имало 8 години. Наводно гнасниот чин го правел во тоалетите и за тоа им плаќал по 35 пени. Голем дел од родителите рекле дека се плашат јавно да говорат за тоа. Но по зголемувањето на бројот на пријавите во рок од три месеци, тој конечно бил уапсен од властите.
Во септември 2015. вакви обвинувања се појавија и за кампот Гесен во Германија, каде се сместени 5.000 бегалци и мигранти. Во писмото што протече од Кабинетот на министерот за интеграција и социјални работи се наведуваше дека „факт е дека жените и децата не се заштитени“.
-Ситуацијата им оди во прилог на оние мажи кои ги држат жените во подредена положба и оие кои немаат придружба ги третираат како сосема легитимна цел. Како последица на тоа, има изветаи за голем број силувања, сексулани напади и зголемен број на присилна проституција. Ова не се изолирани инциденти, се вели во писмото.
Исто така има и извештаи дека бедата е причина за присилна проституција и на мажи. Наводно мажи бегалци од Сирија и Авганистан биле продавани во областа во Атина позната по проституција за помалку од два долари, по промената на пограничните правила и на многумина им се укина можноста да заработуваат легално.




