Билатералните односи, дијалогот Белград-Приштина и европскиот пат на Србија се темите за кои главно разговарале потпретседателот на САД Џо Бајден и премиерот на Србија Александар Вучиќ.
– Денеска е посебен за нас. Разговаравме за различни теми: билатералните односи, дијалогот меѓу Белград и Приштина и можниот напредок во иднина, а трета тема беа регионалните односи и европскиот пат на Србија – рече премиерот Александар Вучиќ денеска по средбата. Тој нагласил дека поддршката на САД е од големо значење за Србија.
„Мојата посета на Србија е кратка, но многу работи постигнавме“, изјавил Бајден по состанокот, кој посочил дека за цела Европа е важно регионот да е стабилен и мирен. Тој изразил и сочувство до семејствата на жртвите кои загинаа во бомбардирањата на НАТО во земјата.
Освен со Вучиќ, Бајден се среќава и со српскиот претседател Томислав Николиќ, а потоа заминува и во посета на Косово. Таму ќе се сретне со претседателот Хашим Тачи и со премиерот Иса Мсутафа.
Бајден во Србија попладнево допатува со својата сопруга и внука, а на аеродромот „Никола Тесла“ беше пречекан на традиционален начин.
Фотографии од пречекот сподели и српскиот премиер на Твитер, а според неофицијални информации на спрските медиуми, во делегацијата на Бајден има 400 луѓе.
Дочек потпредседника САД Џозефа Бајдена / Arrival of the @VP of the #USA @JoeBiden in #Serbia pic.twitter.com/gSry9W5AGD
— Aна Брнабић (@SerbianPM) August 16, 2016
Бајден е во проштална посета на Балканот и пошироко, но на неговата агенда не е Македонија.





