Турското обвинителство издаде налози за апсење на 84 академици поради сомнение за поврзаност со муслиманскиот проповедник Фетула Ѓулен кој се наоѓа во егзил во САД, а кого турските власти го сметаат за одговорен за организирање на неуспешниот пуч, јавуваат турските медиуми.
Полицијата започнала акција во 17 провинции, вклучувајќи ја и централна Анадолија, каде што е центарот на Партијата за правда и развој.
Досега се упасени 29 академици. Уапсените се главно од Универзитетот Селџук, меѓу кои е и ректорот Хакија Ѓокбел.
Премиерот Бинали Јилдирим пред неколку дена соопшти дека досега се приведени над 40.000 државни службеници, од кои над 20.000 се во притвор. Над 5.000 административци добија откази, а околу 8.000 се суспендирани.
Ѓулен, некогашен сојузник на претседателот Реџеп Таип Ердоган има силна влијателна мрежа во институциите, како судство, полиција и медиуми и веќе подолго време е под сомнение дека создава паралелени институции во Турција.
Ѓулен кој живее во САД од 1999 година негира дека стои зад обидот за пуч.




