Најмалку 11 лица се убиени, а 70 се ранети утрово во експлозија на автомобил бомба чија мета биола полициската станица во местото Џизре на југоисток на Турција. Сите загинати се полицајци.
Турската државна агенција Анадолија известува дека за нападот се одговорни пропадници на Работничката партија на Курдистан (ПКК), која во Турција, САД и ЕУ е на листата на терористички организации.
Телевизијата НТВ наведува дека на местото на нападот се наоѓаат голем број амбулантни коли, а од местото се издигнува густ чад.
Владата во Анкара ја обвини ПКК за серија напади извршени овој месец на југоистокот на земјата. Оваа група ја презеде и одговорноста за најмалку еден напад и тоа на полициска станица.
Џизре се наоѓа во провинцијата Ширнак која се граничи со Сирија и со Ирак. Во оваа област мнозинство население се Курди.




