Во Советот за безбедност на ОН синоќа заврши третата рудна од неформалното гласање за избор на нов генерален секретар на светската организација.
Според неофицијални информации, засега на листата води бившиот португалски премиер Антонио Гутереш, по што следи шефот на словачката дипломатија Мирослав Лајчак.
Трети на листата се поранешниот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ заедно со генералната директорка на УНЕСКО, Бугарката Ирина Бокова.
Потоа следуваат аргентиската министерка за надворешни работи Сузана Малкора, македонскиот кандидат Срѓан Керим и бившата премиерка на Нов Зеланд Хелен Кларк.
Последните три места од десетмината кандидати ги делат поранешниот претседател на Словенија Данило Тирк, поранешната министрка за надворешни работи на Молдавија Наталија Герман и шефицата на ОН за прашања од климатските промени Кристина Фигерес од Костарика.
Според дипломатски извори Советот за безбедност до октомври на Генералното собрание же му препорача кандидат за оваа функција.
На крајот, петте постојани членки на Советот за безбедност ќе треба да постигнат согласност за кандидатот за генерален секретар.




