Published: Friday, September 2, 2016 16:10
Ветрови и дожд предизвикани од ураганот Хермин го погодија северниот дел на Флорида предизвикувајќи поплави. Ветрот со јачина од 130 километри на час предизвикал огромна материјална штета а засега нема случај на загинати.
Во областа Талахаси, кризните центри ги предупредиле граѓаните да се евакуираат на повисоки места за да ги избегнат поплавите, а над 70.000 домови останале без електрича енергија.
Патиштата се блокирани од паднати дрвја.
Во повеќе области во Флорида е прогласена вонредна состојба.
Според метеоролошките служби, се очекува во следните неколку дена силни врнежи да го зафатат целиот источен брег.
И во 56 области во Џорџија е прогласена вонредна состојба.





