Во повеќе британски градови денеска се планирани собири во знак на противење на излегувањето од ЕУ, а демонстрантите бараат паузирање на процесот на истапување и продолжување на блиски културни и економски врски со Европа.
Противниците на таканаречениот Брегзит бараат и Владата повеќе да го консултира јавното мислење пред да ги почне преговорите за кои се очекува дека ќе потраат.
За денеска се планирани собири во Лондон, Единбург, Бирмингем и др.
На демонстрантите ќе им се придружат и некои политичари и познти личности од забавниот и културниот живот.
На состанокот на Кабинетот ова недела британските функционери го истакнаа значењето на контролирањето на миграцијата од Европа како клучен дел во очекуваните преговори со европските лидерри за излегување на Британија од 28 члениот блок.
Британија гласаше за напуштање на Унијата на референдум кон крајот на јуни, но почетокот на формалниот процес на излез не се очекува до крајот на годината.




