https://www.youtube.com/watch?v=v_xqehxS1mg
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро во петокот вечерта бил присилен да бега трчајќи пред толпа незадоволни граѓани на островот Маргарита.
Настанот се случува во време на исклучителна непопуларност на венецуелскиот претседател поради големата немаштија, поради што се бара и негова оставка.
Видео снимката од тоа како Мадуро бега, е објавена на социјаните мрежи, а е снимена со мобилен телефон во петокот вечерта во местото Порламар, каде тој бил на отворање на социјални станови.
На неа се гледа како Мадуро бега додека демонстрантите викаат и тропаат на тенџериња.
Приврзаниците на Мадуро ја оспорија автентичноста на снимката, со тоа што еден пратеник објави слична снимка на која толпата го поздравува Мадуро, додека тој низ толпата трча со крената рака.
На демонстрациите на опоцијата што се одржаа минатиот четврток во Каракас присуствувале еден милион луѓе, додека Владата тврди дека имало 300 илјади.




